Вибратор и се пикнал во телото и продолжил да вибрира

Ема, 24- годишна учителка од Велика Британија, пред неколку дена премногу се занела во секси играта со своето момче Ли Милер. Толку се занеле што розовиот вибратор од речиси 18 сантиметри им се оттргнал од контрола и исчезнал во нејзиното тело. Ја фатила паника. Вели дека почувствувала дека и натаму вибрира „некаде внатре“, но дека немало никаква шанса да го извадат. 

Залудно се обидувале речиси еден час, но потоа им станало јасно дека мора да одат во болница. Им било ужасно непријатно да му објаснуваат на медицинскиот персонал што се случило, особено што и двајцата биле под дејство на алкохол. Всушност и двајцата биле толку пијани, што не биле способни самите да отидат до болницата, туку итната помош морала да дојде по нив. Немирниот вибратор и бил изваден под општа анестезија, а кога лекарите го извадиле, тој и натаму вибрирал. Потоа ја тешеле со зборовите дека вакви ситуации често се случуваат.И понудиле секси играчката да си ја носи дома, но Ема одбила.

Таа одлучила ова бизарно искуство да го сподели со јавноста, бидејќи сака да ги предупреди двојките да внимаваат што прават во кревет и да не се двоумат да појдат во болница ако нешто тргне наопаку, како во нејзиниот случај.

 
 
10.10.2016 - 12:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега