Заклетва на питомци и промоција на потпоручници на Воената академија

Во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ денеска министерот за одбрана Зоран Јолевски ќе присуствува на свеченоста по повод заклетвата на питомците од 20. генерација и промоцијата на потпоручници од 16. генерација на Воената академија.

Свечена заклетва ќе дадат 29 питомци, од кои шест припаднички на женскиот пол и седум студенти на цивилни насоки. Од студентите -питомци на Воената академија, 20 се од Македонија, 4 од Босна и Херцеговина, 3 од Црна Гора и 2 од Косово.

Промовирани во потпоручници ќе бидат 35 питомци, од кои седум припаднички на женскиот пол. Од нив 25 се од Република Македонија, 3 од Црна Гора, 3 од Босна и Херцеговина и 4 од Косово. 

 
 
10.10.2016 - 08:20
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега