Опасна бактерија откриена во млеко за бебиња - повлечени 1.000 тони новозеландски млечни производи

 

 Властите на Нов Зеланд издадоа наредба за повлекување од продажба на 1.000 тони новозеландски млечни производи од пазарите во седум земји, откако во продукти на најголемата домашна млекопреработувачка индустрија „Фонтера“ беше откриена бактерија која може да предизвика ботулизам.

Бактеријата е откриена во млеко за бебиња, како и во стимулативни, протеински и неколку други млечни напитоци. Овие производи, покрај во Нов Зеланд, се продавале и во Австралија, Виетнам, Кина, Малезија, Саудиска Арабија и Тајланд.

„Фонтера“ е четврта по големина млекопреработувачка компанија во светот, со годишен приход од околу 16 милијарди долари. Млечната инустрија е една од најдоходовните гранки во Нов Зеланд, имајќи предвид дека земјата извезува дури 95 проценти од произведеното млеко. 

најчитано сега