Не сакате дожд? Еве ви 6 начини како да уживате во дождливите денови

Има луѓе кои го обожаваат дождот, но има и такви на кои едноставно им се менува расположението кога ќе заврне.

Ако сте од втората група, ова се неколку начини како да уживате во дождливите денови.

Подгответе убава храна

Особено ако е постуден дождлив ден, топлата храна ќе го подобри вашето расположение. Можете да си направите и пица, или пак само едноставни топли брускети.  Доколку сакате слатка храна, можете да испечете вкусни мафини, или пак топол пудинг или сутлијаш.

Прочитајте добра книга

Веројатно на вашата полица веќе имате цел куп книги кои ги купивте во текот на летото, а си ветивте себеси дека ќе ги читате за време на есента и зимата. Дождливиот ден е вистинско време за нив. Изберете книга во која ќе потонете, стуткани во топло кебе со топло кафе, чај или чоколадо.

Одете на прошетка

Голем дел од луѓето велат дека го сакаат дождот, но само доколку се во својот дом. Но, не заборавајте какви бевте кога бевте деца. Облечете се, земете удобни и топли чевли и понесете го својот чадор со вас на прошетка. Тоа ќе ви помогне да ги разбистрите мислите, или пак да се инспирирате доколку работите креативна работа.

Гледајте филм(ови)

Дождливиот ден е одлична прилика да изгледате филм или пак да почнете да ја гледате серијата за која сите зборуваат. Само изберете нешто што е по ваш вкус и уживајте.

Повикајте ги пријателите

За време на топлите денови, најчесто сакаме да се видиме со своите пријатели во некое кафуле или ресторан. Наместо тоа, за време на дождливите денови, можете да ги повикате во вашиот дом. Можете да им зготвите фина вечера или пак само да уживате со чаша вино и грицки.

Одморете

Често деновите ни се исполнети со многу обврски и брзање, при што забораваме да се одмориме. Искористете го дождливиот ден или денови да се одмориот по напорниот ден на работа или училиште.

 
 
07.10.2016 - 23:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега