ШОКАНТНО: Познатиот пејач ја запроси својата девојка но за жал...

Слоба Васиќ и натаму пати за Хелена Топаловиќ! Пејачот не може да се помири со фактот дека ќерката на Топалко не сака повторно да биде во врска со него, па на сите начини пробува да ја врати. Иако таа константно го одбива, познатиот пејач дури сака и да ја ожени поранешната девојка, која не може да ја преболи.

Тој неодамна во Будва проба да ја оствари својата намера, кога ја запроси во преполн ноќен клуб.

„Слоба во близина на буната пиеше со друштвото, а ќерката на Топалко со другарките дојде во клубот околу 4 часот наутро. Немала појма дека нејзиното поранешно момче е на исотото место. Кога ја погледнал Васиќ, се одвои од друштвото и цело време беше околу неа. Во еден момент се качи на бината и ја праша пред сите дали сака да се омажи за него“, вели извор за Курир.рс кој бил во клубот во тој момент и додава дека ќерката на Топалко се налутила поради тоа.

„Хелена се препоти во тој момент и поцрвене од срам. Замолчи и ја сврте главата. Луѓето наеднаш почнаа да и доаѓаат и да и честитаат, додека на Васиќ му кинеа маицата како да добил дете, а не како да ја запросил поранешната девојка. Хелена била бесна и набрзо го напуштила клубот“, завршува изворот

Откако видел дека ја нема Хелена во локалот, Слоба почнал да ја бара, но таа му ги одбивала повиците. И праќал пораки, и се извинувал, но не добивал никаков одговор.

Ќерката на Топалко ги потврдила овие информации.

„Точна ви е информацијата, многу го знаат тоа, затоа што беа таму. Ме избламира пред сите, не знам како тоа му паднало на памет со оглед на тоа што не сме повеќе заедно“, изјавила Хелена за српски Курир

 
 
05.10.2016 - 22:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега