Паника во Брисел: Итно евакуирана железничка станица поради дојава за бомба

Северната железничка станица и блиската зграда на обвинителството во Брисел се евакуирани денес попладне поради дојава за бомба, а упатено е и предупредување за бомба на железничката станица Брисел-Миди, јавуваат белгиските медиуми.

Зградата на Северната железничка станица и обвинителството се евакуирани по анонимен повик во кој е предупредено дека во тие згради е поставена бомба, пренесува весникот „Либр Белжик“.

Полицајците и војниците во голем број се присутни на локациите, јавува агенцијата Белга.

Весникот „Дерниер ер“ наведува дека во зградата на обвинителството е спроведена истрага, но дека бомба не е пронајдена.

На Северната железничка станица запрен е сообраќајот на барање на полицијата, а 20 агенти влегле во станицата за да спроведат истрага.

„Дерниер ер“ наведува дека дојава за бомба пристигнала и за уште една бриселска железничка станица - Брисел-Миди.

 

 
 
05.10.2016 - 14:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега