Таа е ќерка на македонски имигрант, а сега е милијардерка според Форбс!

Маријен Илиќ според податоците на Форбс од октомври 2016 година се наоѓа на 88 место на листата светски милијардери. Таа е на 6 место како жена која самостојно го стекнала богатството. Тоа е за три места подобро во однос на претходната година.

Маријен Бејоф Илиќ, е родена на 7 јануари 1933 година во Детроит како ќерка на македонски имигранти.

Својот иден маж, Мајк Илиќ, момче со македонско потекло, го запознала на 17 години. Година дена подоцна се венчале и заедно имаат седум деца. За својот успех, покрај трудот и упорноста, Маријен вели дека е заслужен токму различниот карактер на сопругот.

Маријен отсекогаш вредно работела. Таа многу рано, само со десет години почнала да работи во ресторанот на татко и. Одела на државниот Дирборн колеџ на кој стекнала диплома за либерални уметности.

Првата сериозна работа ја добила во Делта ерлајнс, пред да се омажи за Мајкл Илиќ. До раѓањето на третото дете била домаќинка, а тогаш го отворила првиот ресторан. Брзото напредување во работата и раст на профитот овозможил да вмеша прсти и во други работи, како што е дистрибуција на храна, развој на недвижнини и работа со коцкарници. Нејзиниот напредок трае до денеска. Богатството на ова семејство денеска се проценува на 2,4 милијарди долари.

 
 
05.10.2016 - 13:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега