На 102 години си ја исполни животната желба - да ја уапси полиција (ВИДЕО)

Еди Симс, 102-годишна жителка на американскиот град Сент Луис се најде со полициски лисици на рацете, поради бизарна причина: полицијата и ја исполни нејизната животна желба - да биде уапсена.

Таа никогаш во животот немала проблеми со полицијата, па апсењето било на нејзината листа на работи што сака да ги направи пред да почине.

Еди сакала да види какво е чувството да се биде уапсен, па полицијата решила да и ја исполни желбата.

 

Полицајците и ставиле лисици на рацете и „ја сместиле“ на задното седиште во полицискиот автомобил. Полициецот потоа со лисици ја испратил до станицата.

- Навистина уживав, имав и лисици и се, рече воодушевената старица за „Елит Дејли“.

Од полициската станица во Сент Луис соопштија дека се среќни што можат да исполнат вакви желби на постари лица, по што може да се заклучи дека Еди не е прв станар на Домот за стари и изнемоштеи лица на кои полициајците им изигрувале „Дедо Мраз“.

 
 
05.10.2016 - 12:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа