Како полесно да заспиете? - Неколку совети ве делат до длабок сон

Ви тежат проблемите? Премногу мисли ви минуваат низ глава? Ужасно многу сакате да зграпчите некој сон, но никако не можете да стигнете до него? Секогаш постои решение!

Следете ги овие едноставни совети и за многу брзо време ќе заспиете. 

Сон?

Проверувањето на електронската пошта, испраќањето пораки или играње видео-игри може да има негативни последици врз сонот. Голем број истражувања покажале дека светлината која ја емитуваат екраните го нарушува биолошкиот ритам на телото.

За полесно да заспиете, треба да почнете да дишете во одреден бавен ритам и да не го менувате. Потоа да земате повеќе и повеќе воздух во белите дробови, до моментот кога ќе минете во доменот на несвесното.

За да имате избалансиран сон, во текот на ноќта треба да дишете наизменично низ обете ноздри. Обично, доколку протокот на воздух низ ноздрите е непречен, спонтано дишете по 2 часа низ левата, па низ десната. Кога дишете низ десната, ја стимулирате левата половина од мозокот (интелектуално, аналитичко, рационално размислување), а кога дишете низ левата, се стимулира десната половина (креативно и емотивно размислување). Но, ако имате проблеми со дишните патишта и доколку некоја од ноздрите нема можност за доволен проток на воздух, тогаш ќе се најдете во ситуација кога ќе спиете неизбалансирано и енергиите нема да ви бидат избалансирани. Откако ќе се разбудите, нема да се чувствувате доволно одморени.

Ставете едно или две перничиња под нозете и лежете така некоја минута. Така ќе ја засилите циркулацијата, но и ќе ги опуштите мускулите на долниот дел од грбот и полесно ќе заспиете. Доколку се будите со грчеви или пак со вкочанет врат, веројатно лежите на претврд или премек душек или пак перница. Исто така, утринското истегнување е многу корисно, бидејќи не само што ќе Ве размрда побрзо, туку ќе го забрза будењето и ќе ја поттике циркулацијата.

Исто така можете да излезете надвор на неколку минути. Седнете на стол или потпрете се на оградата од балконот (каде и да ви е удобно) и почнете ја вежбата со свежиот воздух. Затворете ја едната ноздра со прст, вдишете длабоко низ другата. Потоа затворете ја другата ноздра и вдишете низ онаа што била претходно затворена. Во содејство со ладничкиот воздух и смирувачкиот ефект на вежбата, ќе добиете мирни мисли и исчистени дишни патишта. Тогаш е време да се вратите в кревет и да се одморите.

Проблемите со спиењето се знак и дека треба да ги промените своите секојдневни лоши навики пред се вклучувајќи ја и храната. Немојте да консумирате чоколадо, премногу зачинета храна, кафе и енергетски пијалоци после 19 часот. Наместо овие намирници јадете лесни салати, варено јајце, зеленчук, сирење, риба, ориз и слично.

 

 
 
04.10.2016 - 23:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа