Бред Пит постојано плаче и секој ден се јавува кај родителите

Минаа точно две седмици откако Анџелина Џоли ги предаде документите за развод од Бред Пит.

- Се уште е скршен и често плаче. Не може да верува во што му се претворил животот преку ноќ, изјави за Ју-Ес Викли извор близок до Бред Пит.

Наводно холивудскиот актер тешко ја поднесува новонастаната ситуација  и секој ден телефонира кај своите родители.

- Децата му се единствената утеха која ја наоѓа во разговорот со родителите и пријателите, а најмногу со мајка му, со која се слуша секој ден, додава изворот.

Родителите на Бред, Џејн и Дил живеат во Мисури. Бред има и брат Даг и сестра Џули. 

 

 

 
 
04.10.2016 - 15:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа