Пет знаци дека тој планира да ве остави

Кога сте заљубени, тешко е да се согледаат работите од реалистична перспектива, а најчесто работите ни стануваат јасни кога е прекасно. Ова се знаци дека вашата врска не е баш толку важна колку што вие би сакале да биде.

Никогаш нема конкретни планови за вас

Кога и да сакате да испланирате нешто, тој вели дека во моментот има премногу информации и дека го гушите. Во друг случај ќе ви одговори „Ќе видиме“ што може да се заклучи и како „Нема шанси“. Едноставно тој не сака да прави планови, затоа што знае дека ќе сака да ги откаже чим се појави нешто подобро и позабавно.

Не ве запознава со другарите

Сосем јасен знак дека не ве смета за доволна важна да би ве претставил на најважните луѓе во својот живот.

Никогаш не ве нарекол своја девојка

Во најдобар случај ве претставува како другарка „затоа што сеуште не е спремен за врска“ Логично зарем не?

Секое дружење подразбира секс

Секс е преубава работа, но ако е тоа единствено што го интересира и ако смета дека нема потреба да се најдете ако тоа не заврши со секс, не е баш сериозен околу прашањето за вашата врска.

Нема потреба да го запознае вашето друштво

Не затоа што е нервозен и страв му што ќе мислат за него, туку затоа што едноставно смета дека нема потреба да влегува во тој дел од твојот живот.

 

 
 
03.10.2016 - 13:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа