Починал на лице место: Пијан возач усмрти штипјанец

Осумдесет годишниот С.С. од Штип вчера попладне го загуби животот во сообраќајна несреќа која се случила на регионалниот пат кај штипското село Аргулица.

Од полицијата информираат дека до несреќата дошло откако 51-годишниот В.Д. управувајќи автомобил „Лада Нива“ удрил во С.С. кој управувал со велосипед. Од добиените повреди  велосипедистот починал на лице место, а смртта била констатирана од екипа од Итна медицинска помош. Врз возачот било извршено алкотестирање кое покажало присуство на 1,60 промили алкохол во крвта.

На местото на несреќата увид извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Велес. Телото на починатиот е предадено на обдукција.

 
 
03.10.2016 - 09:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега