Марковски: Две години секој ден по најмалку еден потрес
После земјотресот во Скопје, во наредните 2 години имало дури 600 потреси во скопската котлина, од 63-та до октомври 65-та година. 600 афтер-шокови, некои почувствувани, некои непочувствувани. Значи скоро секој ден по еден вели Горан Марковски, професор на градежниот факултет во Скопје и експерт за армирано бетонски конструкции.
-Ние треба во свеста секогаш да го носиме сознанието дека овој регион е подложен на земјотреси, а најмногу кога носиме одлука да инвестираме во градба. Јас би бил многу среќен доколку мал процент од овој страв кој го чувствуваме е присутен кога носиме одлука да започнеме со инвестиција во некоја градба, додаде Марковски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа