Адвокат ги тужи Израел и Италија за распнувањето на Исус
Еден Кениец кој работи како адвокат поднел тужба во Меѓународниот суд на правдата во Хаг бидејќи судењето и распнувањето на крстот на Исус Христос било незаконско, а според него државата Израел ја носи одговорноста за ова.
Како што пренесуваат израелските медиуми, адвокатот Дола Индидис има намера да покрене судење против Тиберој, Понтиј Пилат, еврејските лидери, кралот Херод, државата Италија и државата Израел.
-Доказите до ден денешен се запишани во Библијата и неможете да ги дискредитирате, вели Индидис.
Сепак, судијата изјавил дека не постои можност оваа тужба да биде разгледана, бидејќи Судот нема надлежност за тој случај, туку ги решава споровите помеѓу државите.