Почнаа да се чистат дивите депонии во Крњево

Општина Центар почна да ги расчистува дивите депонии во Крњево или простор од околу 30 илјади метри квадратни.

- Старата облека, искршениот мебел, храна и пластика се подигаат и носат со 30-тонски и со еден помал камион на легална депонија. Ова е уште еден чекор кон подобрување на условите за живот во општината, стои во соопштението од општина Центар.