Пет дена го заборавиле во затвор - ќе добие 4 милиони долари оштета

 

Дениел Чонг, студент од Калифорнија кот минатата година мина пет дена во притворска ќелија со лисици на рацете и без храна и вода, за она што го претрпел ќе добие 4,1 милион долари оштета.

24-годишниот студент бил приведен со уште осум лица на 21 април минатата година при една рација во Сан Диеего. Тој тврди дека додека бил во притовор преживеал пекол. Бил принуден да ја пие сопствената урина и „за малку ќе умрел“ во ќелијата каде бил затворен, а потоа очигледно заборавен од страна на полииајците.

Неговите адвокати синоќа соопштија дека успеале да се договорат и дека ДЕА на нивниот клиент ќе му исплати 4,1 милион долари.

 

најчитано сега