Поранешната украинска порно ѕвезда не доби азил во Чешка

Поранешната украинска порно ѕвезда, Анастасија Хагенова, која од 2010 година живее во Прага и која има три деца, и пред највисокиот чешки суд не успеа во намерата да добие азил во Чешка, јави дописникот на МИА.

Кревката русокоса жена, која веќе неколку години не се занимава со професијата порно актерка, претходно изјави дека се плаши да се врати во својата татковина заради безбедноста на нејзините деца.

Хагенова, која во Чешка живее со својот сопруг, објаснува дека прво се занимавала со манекенство и дека во порно индустријата влегла од егзистенцијални причини за да ги издржува двете деца кои тогаш ги имала.

Оние кои го критикуваа, обвинуваа дека дефиницијата на порнографијата е нејасна.

најчитано сега