Со зголемен број на првачиња започна учебната година во Охрид

За 540 првачиња, 4 898 основци и 2 029 средношколци започна школската 2016/17 година во Охрид.

На свеченоста во ОУ „Св. Климент Охридски“ организирана по повод првиот училишен ден, првачињата ги поздрави заменик градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев.

-Времето брзо одминува остануваат убавите спомени. Моите училишни денови одамна завршија. Вашите почнуваат од овој ден но ќе ви изминат брзо како песна доколку знаете секоја детска игра да ја „зачинете“ со читање добра книга, учење на предметна лекција или решавање на математичка задача. Но не брзајте. Има време за се. Многу наскоро ќе започне вашата дружба со букви и бројки. Така полека ќе стекнувате знаења и искуства, ќе се градите во личности на кои останува овој Свет. Драги деца, уживајте во училишните клупи, овие денови никогаш повеќе нема да се вратат назад… но, ќе ги паметите уште долго, долго како еден од најубавите периоди во вашиот живот. Ние секогаш ќе бидеме тука да создаваме подобри услови за успешна реализација на образовниот процес. Бидете здрави и живи и останете секогаш ведри и насмеани како што сте на овој ваш прв училишен ден- рече Јанев, кој присуствуваше на свеченоста што се одржа во СОУС „Св. Кирил и Методиј“.

Годинава во Охрид е зголемен бројот на првачињата во однос на изминатите години. Сите образовни институции во градов се спремни за успешен старт на новата учебна година и непречено реализирање на образовниот процес во Охрид.

 
 
01.09.2016 - 16:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега