Заврши изградбата на регионалниот пат Ново Село – Маврово

Министерот за транспорт и врски, Владо Мисајлоски денес го предаде во употреба дванаесет-километарскиот патен правец од Ново Село до Маврови Анови.

Инвестицијата е вредна 2,5 милиони евра, а следниот месец ќе се започне со тендерска документација за реконструкција на 30 километри од патот Гостивар –Кичево.

Покрај овие патни правци, паралелно се инвестира и во останатите села во општината Маврово Ростуше, а новите асфалтни патишта ќе допринесат за нивно подобро одржување и чистење во зимскиот период.

pat-mavrovo

Инаку  Маврово годинава ја бележи најдобрата туристичка сезона.

misajlovski-2mavrovo

Во изминативе деведесетина денови, го посетиле околу 35 илјади туристи. Секако новата патна инфраструктура е еден од значајните фактори за развој на туризмот.

 

 
 
31.08.2016 - 12:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега