Какво време не очекува во текот на наредните 4 дена?

Времето денес ќе биде сончево и топло, со умерена облачност.

Кон крајот на денот претежно во северните делови и на југоисток ќе има зголемување на облачноста со услови за краткотраен локален дожд и ретки грмежи.

Максималната температура ќе биде во интервал од 28 до 35 степени.

Кон крајот на денот, особено во севернита делови и на југоисток ќе има зголемување на облачноста со услови за краткотраен локален дожд со ретка појава на грмежи. Утре ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, на места ќе има услови за невреме проследено со силен ветери и појава на град. Нестабилноста ќе биде повеќе изразена во јужните и источните делови на земјата. Во петок се очекува стабилизирање на атмосферата и услови за појава на краткотраен дожд претежно кон југоистокот.

За време на викендот ќе преовладува стабилно време.

 
 
31.08.2016 - 11:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега