Агентите на ФБИ ослободија 105 девојчиња принудени на проституција
Во голема акција во 76 градови во САД, агентите на ФБИ успеале да ослободат 105 тинејџерки кои се жртви на проституција.
Повеќето девојчиња, биле на возраст од 13 до 16 години, а биле искористувани на локации како паркинзи за камиони, мотели и казина, но и на социјални мрежи.
Воедно, во акцијата се уапсени и голем број макроа.