Со боксови убил таксист поради сметка од 100 денари

Такси возач од Крагуевац, Србија, вчера вечерта бил убиен по караница со негов муштерија околу сметка која била помала од 200 српски динари (100 денари).
Како што јавуваат локалните медиуми Бранислав Џ. (66) вечерта собрал патник на едно такси стојалиште во градот.
По неколку минути дошло до расправија по што се претпоставува дека избила тепачка во која Бранислав добил неколку удари со тупаница во главата. Патникот го напуштил автомобилот а Бранислав направил полукружни свртување и загубил свест по што автомобилот удрил во ѕидот од блиската кафеана.
Брза Помош пристигнала на местото и констатирала смрт предизвикана од срцев удар, најверојатно поради претрпен стрес.
Полицијата уапсила 34 годишен маж од Крагуевац за кој се сомнева дека го извршил убиството.
Се претпоставува дека тој не сакал да го плати возењето поради што го нападнал таксистот, удирајќи го со тупаници по главата и телото по што побегнал .
На 34 годишниот Н.Д. обвинителството му поднело пријава за убиство а судот му одредил мерка притвор.

 
 
25.08.2016 - 11:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега