Попоски: СДСМ нека одбере кога сакаат избори - ние сме подготвени
Дали ќе има избори зависи од СДСМ. Министерот за надворешни работи и заменик претседател на Владата, Никола Попоски со јасен став. Кога СДСМ ќе биде подготвен , тогаш ќе имаме избори.
„Ставот на владината коалиција е јасен и тој е дека најголемата опозициска партија има можност, привилегија и луксуз да одбере во кој момент ќе се чувствува подготвена за соочување со демократски избори“ – рече Попоски.
Тој додаде дека очекува да се почитува последниот меѓупартиски договор.
„Мислам дека имаме политички договор, тој политички договор останува жив и претставува начин за пребродување на оваа политичка криза, што подразбира и организирање избори во согласност со условите што се утврдени со тој политички договор“ – оцени Попоски, одговарајќи на новинарско прашање дали по лидерската средба на 31 август, на која треба да се утврди договореното, може да се очекува техничка влада со СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа