ВИДЕО: Еден куршум една мета - снајперистите Тигри меѓу најдобрите во светот

Ладнокрвност, стручност, притаеност - еден куршум една мета. Само оној кој сето ова го поминува знае колкава е количината на стресот, бидејќи во нивната работа нема реприза и секоја грешка скапо се плаќа. По еден ден поминат на стрелиште со снајперист на елитната единица на полиција Тигри, сфаќате дека овде не се работи само за „професија“ овие луѓе ја ставаат главата таму каде што другите не би ставиле ниту прст. Тигрите се ударна тупаница во екстремни ситуации, ги одликува исклучителна стабилност во околности кога секој друг би подлегнал на страв или паника. Тешките ситуации во кои дејствуваат ги челичат, сложената и комплексна обука која трае колку и стажот во единицата им е адреналинска храна. Секој припадник на Тигар има специјалност во која е најдобар.

 
- Покрај редовните активности и редовната обука што се посетува, снајперистичка обука е една од специјалистичките обуки како што е алпинизмот и нуркањето така и снајперизмот е специјалност во ЕСЗ. За да се работи како снајперист во ЕСЗ претходни треба да бидете комплетни – физички, психички истрајни, доследни и треба да ја сакате работата – вели снајперистот на ЕСЗ Тигар. 
Целиот прилог заедно со видеото погледнете го на Алфа
 
 
22.08.2016 - 11:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега