Принцезата се породила по природен пат и немала посебни барања - детали за породувањето на Мидлтон

 

Британските медиуми изнесоа детали за доаѓањето на свет на кралското бебе. 

Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, се породила по природен пат, и се одело по план. Таа дури одбила да пие силни аналгетици кои би и помогнале во текот на пораѓањето кое траело цели 11 часа.

Се претпоставува дека малиот принц на свет стигнал во 17 часот и 30 минути, а го дочекале четири бабици како и некогашниот гинеколог на кралицата. Бебето е родено во луксузен апартман, за кој на ден се издвојуваат 5.000 фунти, во болницата Сент Мери, каде и принцезата Дајана на свет ги донесе своите деца.

Дневниот лист The Mail On Sunday пишува како сите во болницата биле изненадени од однесувањето на новопечените родители. Тие биле смирени, принцот Вилијам бил постојано до својата сакана и и пружал поддршка, а немале некои посебни барања.

Како што се зборува, Кејт го дои своето бебе, а тоа била желба и на принцот Вилијам.

Извори блиски до кралската двојка велат дека Кејт и Вилијам сакаат да го одгледаат своето дете, да биде мирно и тивко.

најчитано сега