Влетал во паркирано возило - страшна несреќа на „Туристичка"

Уште една страшна сообраќајка ја потресе Македонија. Во 12 часот и 45  минути во Охрид, на булеварот „Туристичка“ се случила сообраќајна незгода во која 45-годишниот Б.М. од Охрид, управувајќи Мопед Скутер „ Кивеј“ со охридски регистарски ознаки, удрил во паркирано возило „Пежо 307“ со охридски регистарски ознаки, во сопственост на 35-годишниот М.Т. од селото Мешеишта, охридско.

Во незгодата Б.М. се здобил со  тешки телесни повреди по што е пренесен во Општа болница-Охрид каде му е укажана лекарска помош и задржан е на понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на полицијата.

 
 
18.08.2016 - 13:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега