ОФИЦИЈАЛНО: Европскиот првак потпиша за Вардар

Хрватскиот интернационалец Иван Чупиќ (30) е нов член на Вардар каде треба да остане во следните четири сезони. Европскиот првак кој во мај на Ф4 турнирот во Келн како член на Киелце го освои трофејот доаѓа во Скопје како засилување на десната крилна позиција.

Чупиќ е четвртото засилување за Вардар во новата сезона и ќе игра заедно со Даниил Шишкарев на десната страна. Хрватското крило зад себе има искуство во играње во повеќе европски клубови и сезонава стана европски првак со Киелце. Сезонава во лигата на шампионите постигна 67 гола. Како член на Киелце постојано ја освојуваше двојната круна во Полска.

Со Киелце двапати претходно играше и на Ф4 турнирот во Келн, а сезонава стана европски првак. И со германски Рајн Некар во сезоната 2010/2011 играше на Ф4 турнирот и тоа во финалето кога Киелце загуби од Барселона.

Од 2009 година постојано е дел од сениорската репрезентација на Хрватска. На Олимпијадата во Лондон 2012 година беше втор најдобар стрелец

-Задоволни сме што во нашите редови во иднина ќе имаме играч кој бил европски првак и го знае тоа чувство. Вардар има амбиции да се искачи што е можно погоре на ракометниот европски врв и секогаш сака да ги има во своите редови оние што можат да му помогнат во остварување на таа цел. Веруваме дека Иван брзо ќе се вклопи во нашиот тим и заедно со Даниил Шишкарев ќе бидат одличен тандем на позицијата десно крило, изјави Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар.

Иван Чупиќ ќе и се приклучи на екипата по завршувањето на Олимпијадата во Рио каде настапува за репрезентацијата на Хрватска, заедно со Игор Карачиќ и Лука Циндриќ. Иван е татко на три девојчиња, а последната принова во семејството со сопругата Нера го добија на почетокот на март годинава.

Иван Чупиќ
роден: 27.03.186 во Метковиќ
висина: 178 см.
тежина: 78 кг.
позиција: десно крило

Клубска кариера
2002-2005 Метковиќ (Хрватска)
2005-2007 Медвешчак (Хрватска)
2007-2008 Октавија Виго (Шпанија)
2008-2010 Горење Велење (Словенија)
2010-2012 Рајн Некар (Германија)
2012-2016 Виве Тарги Кјелце (Полска)

Репрезентативни успеси:
Олимписки игри – бронза (2012)
СП – сребро (2009), бронза (2013)
ЕП – сребро (2008 и 2010), бронза (2012 и 2016)
Медитерански игри – сребро (2015)

 

 
 
15.08.2016 - 14:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега