МВР реагира: Спасувавме животи и помагавме - Шпекулациите за наводно непостапување на полициски службеници се некоректни

МВР во изминатите денови почнувајќи од 06.08 непосредно по случувањата на поплавите во регионот на с.Стајковци, с.Сингелиќ, с.Црешево и с.Арачиново и другите зафатени подрачја во континуитет ја информираше јавноста за ангажманот и бројноста на припадници на различни организациони единици на Министерството во пружање на помош на настраданите граѓани во посочениот реон.

МВР испраќа демант на шпекулациите кои деновиве излегуваа во јавноста. Го пренесуваме интегрално:

„Како што е познато токму припадниците на Министерството за внатрешни работи од Единицата за брзо распоредување, Единицата за специјални задачи, Посебната единица за поддршка и Единицата за јавен ред и мир заедно со припадниците на АРМ беа првите што на лице место учествуваа во спасувањето на граѓани во критичниот период на 06 и 07 август, а понатаму плански и континуирано се ангажирани за помош и санација на штетите од аспект на безбедноста на граѓаните во тој дел од скопското подрачје.

Од таму МВР ги отфрла како крајно некоректни сите шпекулации како и политички изјави за наводно непостапување или отсуство на полициски службеници на критичните места во периодот на самите случувања како и во наредните денови.

Имено на подрачјето на северната скопска обиколница во критичниот момент на 06.08 кога беше поплавена и оштетена, сообраќајот беше пренасочуван од клучка Хиподром до клучка Радишани и обратно, а согласно тековните распореди за работа од 08,00 до 20,00 часот од автопатската мобилна единица имаше една патрола од двајца полициски службеници, еден сменоводител и двајца самостојни инспектори, а од 22,00 часот уште една патрола, а одкога почнаа поплавите се зголеми ангажманот на полициските единици така што освен автопатската полиција, ангажирани беа и пет патроли од Единицата за јавен ред и мир за пренасочување на сообраќајот на подрачјето на Гази Баба, а потоа беа ангажирани и специјалните единици.

Имено како што и предходно информиравме од страна на СВР-Скопје ангажирани беа 243 полициски службеници и 50 возила, а од страна на Одделот за специјални полициски операции беа ангажирани 213 полициски службеници, 39 дефендери, еден џип чироки, еден хермелин, еден чамец, еден камион и еден хелихоптер со техничка опрема".

 
 
15.08.2016 - 09:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега