Пожар во скопски Аеродром - некој го подметнал намерно

Помал пожар вечерва изби во складиште за оштетени дрвени прагови од пруга, лоцирано во близина на касарната „Гоце Делчев“ во општина Аеродром.

Како што информира Благоја Менковски, командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје, иако бил забележан густ чад се работи за мал пожар со незначителна штета.

- По дојавата за пожар веднаш испративме три противпожарни возила, но кога стигнавме на местото на настанот увидовме дека се работи за незначителен пожар и две возила веднаш повлековме во базата. Едно противпожарно возило остана на терен за да го локализира пожарот, изјави Менковски за МИА. 

Тој посочи дека најверојатно станува збор за намерно подметнат пожар при кој само незаначително се оштетени складираните стари дрвени прагови

29.07.2013 - 22:34