Карпош испраќа дополнителни 50 вработени како помош во поплавените подрачја
Општина Карпош соопшти дека утре ќе испрати дополнителни 50 вработени лица од општината кои ќе бидат распоредени во поплавените подрачја.
Од општината денеска информираа дека 25 лица ќе бидат распоредени во Стајковци, а 25 во Маџари. Вработените од општината ќе бидат опремени со „скип“ булдожер и со кипер и ќе бидат засилување во санирањето на штетите.
Со ова вкупниот број на вработени од општина Карпош кои се ангажирани во санирањето на штетите од невремето изнесува 70 лица.
Во вторникот од општината беше испратена 20-члена екипа со комплетна опрема специјализирана за вакви ситуации. Дополнително, беа испратени и пет градежни инженери за проценка на штети.
- Според хиерархија на законските приоритети, Градот Скопје, Општина Гази Баба и Владата на Република Македонија се првостепено надлежни во пружање на помошта за реонот кој го зафати водената стихија. Општина Карпош, како и останатите локални самоуправи ќе помага освен со човечки ресурси, со материјални средства и со финансиска помош, како и со прибрана хуманитарна помош, се наведува во соопштението.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа