Општина Аеродром со механизација и работна сила помага во поплавените подрачја

 

Дел од администрацијата на Општина Аеродром и сезонските работници со сите расположливи средства и капацитети работат на санирање на последиците и помагање на граѓаните од поплавените подрачја кои претрпеа штета, соопштија од општината.

- На терен се ставени на располагање 10 пумпи за исцрпување вода, два багери-скипери, два камиона, еден гасеничар, две цистерни за исцрпување кал, три џипови, како и голем број колички, лопати и друг неопходен алат, се наведува во соопштението.

Од општината информираат дека во тек е и хуманитарната акција во основните училишта, каде се отворени пунктови за собирање хуманитарна помош за настраданите од поплавените подрачја од 8 до 22 часот секој ден.

 
 
11.08.2016 - 12:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега