ДОМ нуди интервента помош за семејствата во поплавените подрачја

Демократската обнова на Македонија денеска соопшти дека нуди интервентна помош за најранливите категории граѓани од поплавите. Предност имаат мајките со бебиња и децата до три години. 

За првите 20 лица што ќе се јават на телефонот 076/311-601 ќе биде обезбеден престој во хостел со оброци во следните 10 дена.

- Ова е ургентна интервенција за дел од оние што немаат услови за живеење во нивните домови уништени од поплавите. Тие се соочени со зарази, воспаление на белите дробови и други болести, зашто деноноќно престојуваат во влажни простории, во близина на загинати животни во распаѓање, без вода и струја. ДОМ ќе се фокусира на донации во детска храна, млеко, пелени, облека и хигиенски производи, се наведува во соопштението од ДОМ.

Партијата сугерира институциите да организираат итна евакуација на населението во суви и чисти простори, како и да се организираат два вида формации: волонтерски и со платени дневници за да се обезбеди потребната работна рака за расчистување на разурнатите домови, но и за приготвување и делење храна и вода од куќа на куќа.

 
 
10.08.2016 - 15:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега