Подметната бомба во Авганистан однесе девет животи

Девет лица загинаа  при експлозија на рачно изработена бомба поставена крај пат во јужен Авганистан, активирана во време кога крај неа минувало полициско возило.

- Во нападот загинаа тројца полицајци, вклучувајќи и еден офицер, како и шестмина цивили, изјави вицегувернерот на провинцијата Мохамед Џан Расулар.

Рачно изработените бомби и самоубиствените напади против авганистанските сили за безбедност и нивните сојузници од НАТО, се често користени методи на вооружената борба на талибанците, преку кои исламистите се надеваат дека ќе се вратат на власт во Кабул.

Инаку, во нападот се повредени 15 лица.

ФОТО: Региони

најчитано сега