Осум лица загинаа во крвава расправија меѓу две семејства
Осум лица се убиени, а четворица се ранети во близина на турскиот град Дијарбекир, при вооружен судир меѓу две семејства, кои се скарале околу земјиште.
Ескалација на судирот меѓу семејствата од селата Баској и Карапете, во кои мнозинството од жителите се Курди, била спречена со инетервенција на командоси на турската војска.
Командосите останале во двете села, со цел да не дојде до повторно избувнување на насилство.