Крвав петок во Минхен: Истепал деца, па извршил самоубиство

Напаѓачот во трговскиот центар „Олимпија“ во Минхен е 18-годишен Иранец од Минхен, изјави утрово шефот на полицијата Хубертус Анде на прес-конференција додавајќи дека мотивите за злосторството засега не се познати.

По нападот момчето извршило самоубиство. Никој друг не е осомничен за пукањето во кое загинаа најмалку 10 лица, а повеќе од 20 се ранети.

Нападот се случи во трговскиот центар „Олимпија“ на околу 5 километри северозападно од центарот на Минхен.

Телото на напаѓачот е пронајдено на околу 1 километар од трговскиот центар. Црвениот ранец пронајден во близина на телото и е испитан на експлозив, но истрагата продолжува.

 
 
23.07.2016 - 11:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега