ТЕМПЕРАТУРИ ОПАСНИ ПО ЖИВОТ: Нов топлотен бран - потоа невреме

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со слаб северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 20, а дневната од 29 до 36 степени.

Во Скопје слично време, сончево и топло со слаб северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 35 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 9.

До недела ќе се задржи претежно сончево време со пораст на температура, а особено топло ќе биде за време на викендот. Во недела кон крајот на денот ќе има услови за краткотраен дожд и појава на грмежи.

Во почетокот на наредната седмица на повеќе места ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневната температура ќе биде во опаѓање.

 
 
22.07.2016 - 21:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега