Морничави СМС пораки од терористот во Ница: Еве што напишал Булел минута пред крвавиот масакр
Терористот од Ница Мухамед Бул испрати повеќе СМС пораки за само неколку минути пред да тргне во крвавиот масакр на шеталиштето.
Како што може да се види од нив, тој полека се подготвувал за терористички напад. Булел за време на потрагата на камион го барал "најтешкиот што постои" и добил камион од 19 тони. Тогаш тој поминал неколку дена возејќи се по должината на шеталиштето за да ја утврди нај смртоносната рута на жртви.
"Добро е ја имам и опремата", се вели во една од пораките во пресрет на масакрот. "Донесете повеќе оружје. Носам 5", вели во другата, судски извори потврдија за Француската телевизија.
Пораки се испратени само неколку моменти пред да оди да ги гази луѓето по шеталиштето. Тие се пронајдени во еден мобилен телефон кој е пронајден во камионот, заедно со дозволата, кредитната картичка и неговата возачка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа