Заменик-претседателот на Шведскиот парламент утре во Скопје
Заменик-спикерот на Парламентот на Кралството Шведска (Риксдаг) Изабел Дингисан утре ќе престојува во посета на Собранието на Република Македонија.
Според најавата на веб страницата на Македонското собрание, Дингисан ќе има средби со Антонио Милошоски, потпретседател на Собранието, со пратеничката група од Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Кралството Шведска и со Даниела Рангелова, претседател на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите.
Предвидено е заменик претседателката на Ригстагот, Дингисан да се обрати и на седницата на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа