АРМ со мерки за заштита на државната граница
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, е во постојан контакт со сите безбедносни институции во Република Македонија, со Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана, Министерството за надворешни работи и со Армијата на Република Македонија и превзема мерки за превенирање на заканите и ризиците по синоќешниот обид за пуч во Турција.
Кризниот менаџмент на Република Македонија ги следи состојбите во сите држави од регионот кои се соочуваат со безбедносни закани и мигрантската и бегалска криза.
По добивањето на податоците за намерите на вршење на воен пуч во Република Турција, Армијата на Република Македонија презема низа мерки и активности за заштита на државната граница.
Во моментов се одржува состанок на групата за проценка за анализа на безбедносната состојба, велат од кабинетот на претседателот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа