Жолтиот македонски голф мистерија во Сараево - Со месеци стои на тротоар

 

Во сараевската населба Добриња, на тротоар, со месеци стои паркиран жолт голф со избушени гуми и македонски регистарски таблички, за кој станарите од околните згради велат дека не знаат чив е, пишува босански Аваз.

-Со месеци таму стои, а никој не реагира. Иако во непосредна близина има голем паркинг, некој го оставил на сред тротоар. Не се знае дали е украден или нешто друго е во прашање. Замислете во некој друг град на пример Задар или Сплит да оставел некој кола на сред пешачка патека да стои со месеци со избушени гуми и босански таблички. Во рекорден рок ќе беше отстранет, а сопственикот ќе требаше да плати астрономска казна. Очигледно кај нас може се, изјавил еден жител на оваа населба за Аваз.ба

 
 
14.07.2016 - 18:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега