Ако ја видите оваа wi-fi мрежа не се конектирајте!

 

Истражувањето на „Карпески“, во кое анкетирани се 11.850 лица од различни делови на светот, покажуваат дека првата работа што патниците ја прават кога пристигнуваат во друга земја е конектирање на wi-fi мрежа.

На овој заклучок се додава и образложението дека вообичаено мапите за градот, хотелот и слично, најчесто се чуваат онлајн, па приклучувањето на интернет е важно за повеќето.

Веќе на аеродром, скоро половина од корисниците е на мрежата (40 отсто), при што повеќето од нив се конектираат за да ги известат семејството и пријатели дека стигнале безбедно (67 отсто), додека повеќе од четвртина велат дека се поврзуваат воглавно за превземање на информациите за патувањето.

Она што е заедничко за повеќето, е што патниците повеќе преферираат да се приклучат на бесплатното wi-fi, отколку да користат интернет во роаминг, иако тоа значи поголем ризик од сајбер криминал. Тие се навиканти постојано да се конектирани и ретко кој размислува дека поврзувањето на бесплатниот безжичен интернет на плажа, во хотел, ресторан или аеродром, може лесно да доведе и до кражба на податоци или други потенцијални опасности.

Еден од пет патници бил жртва на сајбер-криминал за време на патување, вели истражувањето.

Еве како да го заштитите телефонот: 

-Внимателно со конектирњето на мрежите на аеродромите, бидејќи тие се најопасни. Големиот проток на луѓе во секој момент го прави аеродромот најпопуларно место за оперирање на хакерите;

– Ако видите неколку слични имиња за бесплатен интернет, проверете кој е сигурен кај персоналот на угостителскиот објект во кој сте;

– Внимавајте на УРЛ-то. Доколку има HTTPS пред името на сајтот, тогаш телефонот ви е безбеден, но ако забележите HTTP aдреса, хакерите имаат пристап до сите податоци кои ги споделувате и праќате;

– Кога сте на јавно место каде има многу вај-фај опции, најдобро би било да ја исклучите ова опција, бидејќи телефонот автоматски може да се поврзе на небезбедна мрежа;

– Секој wi-fi хотспот автоматски е побезбеден ако има шифра. Ова исто така важи и за вашиот куќен вај-фај, кој мора да има шифра, не само да се избегне крадењето на интернет од комшиите, туку и да се заштитите од хакерски напади.

 
 
14.07.2016 - 18:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега