Убиството на Ангелина ја прели чашата: Граѓаните бараат монструмот да биде убиен како убиецот на Ивана

 

Монструозното убиство кое се случи во Србија викендов сите ги крена на нозе. ИСлувањето, тортурата врз кревкото тело на малата Ангелина и убиството, предизвикаа лавина коментари и бес кај граѓаните, кои потпишуваат петиција да се врати смртната казна.

Владица Рајковиќ, 28-годишниот монструм кој ја силуваше и уби тригодишната Ангелина беше последната капка која ја прели чашата по сите грозоморни дела и убиства во Србија. Убиството на Тијана Јуриќ која ја уби месарот Драган Јуриќ во 2014 година, откако ја киднапираше, мачеше и ја закопа, убиството на Јелена Крсмановиќ Марјановиќ по чиј убиец уште се трага, кој ја претепа со камен пејачката и ја остави да умира во тешки маки, потоа убиството на Драгана од Србија која беше завиткана во јорган и фрлена во вода, како и овој монструозен чин, само ја разбудија свеста кај граѓаните дека треба да се воведат промени.

Последната смрттна казна во Србија е извршена во 1992 година на Денот на вљубените. Беше убиен Јохан Дрождек кој ја силуваше и уби шестгодишната Ивана Шалјевиќ.

 
 
14.07.2016 - 12:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега