Продолжуваат средбите во Пржино: Бејли оцени дека е завршена добра работа

 

Во Пржино денеска продолжуваат преговорите за излез од кризата. Претставници на четирите партии потписнички на Договорот од Пржино, Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ, Радмила Шекеринска од СДСМ, Артан Груби од ДУИ и Имер Алиу од ДПА, денеска повторно ќе седнат на заедничка маса, во обид да ги надминат несогласувањата што го попречуваат решавањето на политичката криза. Теми во фокусот на вниманието повторно ќе бидат прочистувањето на Избирачкиот список и реформата во медиумите. 

Се очекува и на ова продолжение на разговорите да присуствуваат амбасадорите на ЕУ и на САД, Аиво Орав и Џес Бејли. Амбасадорот Бејли по вчерашната средба во резиденцијата на ЕУ во Пржино изјави дека е завршена добра работа, но оти се уште не е постигнат договор, па затоа средбите продолжуваат и денеска по неколкучасовната средба вчера.

- Имавме конструктивна средба. Завршена е добра работа, но не е постигнат договор. Продолжуваме со работа. Не сум разочаран. Кога се преговара и разговара понекогаш е потребно повеќе време, изјави Бејли.

Амбасадорот изјави дека е оптимист за преговорите.

 
 
13.07.2016 - 10:11
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа