Ме тераше да пијам солна киселина - Боснака конечо прозборе за траумите

Триесет и тригодишна жена е пронајдена во шок и со повреди од „непознато потекло“ вчеравечер во околината на Добој, Босна и Херцеговина.

Според првичните информации, се работи за вработена во Градската aдминистрација, која по укажаната помош во  болница, раскажала дека ја нападнал непознат маж облечен во бело и со маска на главата. Тој ја натерал да испие солна киселина и да скокне во река.

Полицијата се уште го истражува случајот. Соседите велат дека се работи за мирно семејство и дека ниту нападнатата, ниту нејзиниот сопруг не се имале замерено ни меѓу себе ни со некој друг.

Останува сомнежот дека жената е нападната токму поради нејзината работа во оделот за инвалидска заштита.

 
 
09.07.2016 - 13:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега