Пријателите му рекле "Жена ти има секс со друг" па го направи најкрвавиот масакр

Само половина час пред Синиша Златиќ да почне да пука со калаш во кафулето Макијато, откако ја видел неговата сопруга со ново момче, неговите другари го задевале и правеле шеги на негова сметка поради новата љубов на поранешната сопруга. 

- Ене ја онаа твојата, има секс со подобар маж, му велеле пријателите на шега на Синиша.

Тој се разбеснил, земал калаш и почнал да пука во кафулето каде ја забележал поранешната сопруга со пријателка и новото момче. И рекол ако не можам да те имам јас никој нема да те има и го започнал крвавиот поход. Тој усмрти пет лица од кои две починаа на местото на настанот, додека три во болница иако докторите дадоа се од себе.

- Ова е мало место, тука сите се знаат, ја видоа и Дијана со новото момче. Другарите на Синиша започнаа да го задеваат, често му збореа за неа. Тој полуде, му ја повредија машката гордост, вели мештанин кој го познавал парот.

Во инцидентот беа повредени 20 лица, а монструмот се наоѓа во затвор. 

 

 
 
06.07.2016 - 10:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега