Владимир Глигоров: Не е сигурно дека примерот на Британија ќе го следат други

Референдумот за излегување на Британија од Европската Унија, сам по себе не значи ништо. Истакнатиот економист и истражувач од Виенскиот економски институт, Владимир Глигоров во интервју за Прес24, вели дека иднината на Британија зависи од тоа дали Парламентот ќе го активира членот 50 од Лисабонскиот договор.

- Владата во Лондон посочи дека пред тоа мора да се донесе одлука што е целта на Британија, во смисла на односите кои би сакала да ги има со ЕУ. Тоа може да подразбира политички процес кој сега не е лесно да се предвиди. Доколку се посака примена на 50. член, по две години или се постигнува нова спогодба со ЕУ или членството на Британија престанува. Од тогаш понатму сите евентуални спогодби тргаат од нула. Доколку Британија не се повика на 50. член, тогаш ништо не се менува, како референдумот и да не се одржал. До тоа би можело да дојде доколку нема спогодба во Британскиот парламент или ако се побара согласност од Шкотска, која не се согласува со Британија да излезe од ЕУ, вели Глигоров во интервјуто за Прес24.

Според него засега не се предвидуваат поголеми економски потреси од Брегзитот, особено што Централните банки велат дека се спремни да интервенираат.

-Во ЕУ, последиците не мораат да бидат сериозни, доколку не се тргне по пат на распаѓање на Унијата. Во Британија се зависи од тоа колку брзо ќе се реши политичката криза и стане јасно што се точно бара од ЕУ и од самата Британија. Доколку политичките одговори не бидат непотребно лоши, ефектите на пазарот на трудот не би требело да бидат посебно негативни, вели Глигоров.

Фунтата е таа која ќе претрпи штети,а не Еврото ако процесот продолжи. Владимир Глигоров вели дека Брегзитот е делумно резултат на глас на протест, делумно на движењата на националистите. Сепак тој смета дека тој процес не мора да значи дека ќе продолжи во други држави.

 - ЕУ не може ништо да спречи. Се зависи од тоа дали јавноста во земјите членки смета дали им е поарно надвор од ЕУ. Не е сигурно дека примерот на Британија ќе биде таков да другите земји ќе сакаат да го следат. Но, Лисабонскиот Договор дозволува сецесија, така што и некои други земји би можеле да тргнат по тој пат. Сепак, клучно е дали Франција и Германија ќе настават да ја подржуваат ЕУ. Во тој случај, составот на членки може да се менува, али Унијата ќе опстане, вели Владимир Глигоров, економист истражувач од Виенскиот економски институт во интервјуто за Прес24.

ПРЕС24: Британскиот референдум за напуштање на Европската Унија веројатно е најголемиот политички настан во поновата историја на Европа. Иако одлуката е јасна, сепак најавите деновиве покажуваат дека тој процес на раздружување меѓу Лондон и Брисел нема да оди така лесно. Во кој правец ќе се одвиваат настаните?

ГЛИГОРОВ: Прво треба британска влада да донесе одлука да се повика на 50. член на Договорот од Лисабон. Потоа започнуваат преговорите со ЕУ. Владата во Лондон посочи дека пред тоа мора да се донесе одлука што е целта на Британија, во смисла на односите кои би сакала да ги има со ЕУ. Тоа може да подразбира политички процес кој сега не е лесно да се предвиди. Доколку се посака примена на 50. член, по две години или се постигнува нова спогодба со ЕУ или членството на Британија престанува. Од тогаш понатму сите евентуални спогодби тргаат од нула. Доколку Британија не се повика на 50. член, тогаш ништо не се менува, како референдумот и да не се одржал. До тоа би можело да дојде доколку нема спогодба во Британскиот парламент или ако се побара согласност од Шкотска, која не се согласува со Британија да излезe од ЕУ.

ПРЕС24: Што ќе значи тоа за Европската Унија. Реакциите на нејзините први луѓе се дека Лондон што поскоро треба да го заврши процесот на излез. Но дали ова ќе ја промени Унијата и во кој правец?

ГЛИГОРОВ:  ЕУ секако не сака процесот да се одложи бидејќи тоа ќе ги сопне процесите во ЕУ. Не би требало да се очекуваат некои силни промени пред да се реши британскиот случај. Потоа, има неколку алтернативи.

ПРЕС24: Зошто се случи Брегзит? Што беше пресудно?

ГЛИГОРОВ:  Делумно станува збор за глас на протест. Делумно националистите се надеваат дека владата ќе води повеќе рачун за нивните интереси. Лидерите за тоа и агитираа. Самите лидери го искористија протестот да превземат власт. На домашните теми шансите им беа мали, на националистичка платформа рачунаа со успех. И ете успеаја.

ПРЕС24: Она што ги интересира земјите кои се во процес на евроинтеграции, меѓу нив и Македонија е дали овде е крајот на проширувањето на Унијата?

ГЛИГОРОВ:  Не е. Да станува збор за одлука која треба да се донесе за година-две, тоа би било друго. Како стојат работите, спорите процеси на преговори со земји со кои се водат ќе се настават.

ПРЕС24: По Лондон сега како некако да се охрабрија крајно-десничарските политички партии да тргнат по истиот пат. Можен ли е домино ефект и дали ЕУ може да го спречи тоа?

ГЛИГОРОВ: ЕУ не може ништо да спречи. Се зависи од тоа дали јавноста во земјите членки смета дали им е поарно надовр од ЕУ. Не е сигурно дека примерот на Британија ќе биде таков да другите земји ќе сакаат да го следат. Но, Лисабонскиот Договор дозволува сецесија, така што и некои други земји би можеле да тргнат по тој пат. Сепак, клучно е дали Франција и Германија ќе настават да ја подржуваат ЕУ. Во тој случај, составот на членки може да се менува, али Унијата ќе опстане.

ПРЕС24: Многумина велат дека политиката со мигрантите е една од основата за растот на националистите во Европа, други пак дека преголемата либералност на ЕУ и потиснувањето на демо-хистијанските вредности е причина за ова што сега се случува. Што ја повампирува Европа?

ГЛИГОРОВ:  Тоа се рационализации кои немаат сериозна основа. Мигрантите се проблем затоа што не е решен проблемот на надворешните граници на ЕУ. Идеолошките обајснувања служат за агитација и мобилизација по линија „ние„ и „другите„ а тоа во Европа е опасно, бидејќи обично ги конфронтира европските народи еден против друг. Се друго е маргинално.

ПРЕС24: Како Брегзит ќе се рефлектира врз економијата, врз пазарот на трудот?

ГЛИГОРОВ:  Во ЕУ, последиците не мораат да бидат сериозни, доколку не се тргне по пат на распаѓање на Унијата. Во Британија се зависи од тоа колку брзо ќе се реши политичката криза и стане јасно што се точно бара од ЕУ и од самата Британија. Доколку политичките одговори не бидат непотребно лоши, ефектите на пазарот на трудот не би требело да бидат посебно негативни.

ПРЕС24: Македонија ја има Британија како еден од најголемите трговски партнери, многумина стравуваат дека излегувањето од Унијата негативно ќе се рефлектира врз тоа?

ГЛИГОРОВ:  Маргинално и на краток рок, можеби. Инаку, Македонија кака партнер не е голем британски партнер, така што нема разлог да евентуални негативни стопански движења во УК влијаат многу на трговијата со Македонија. Исто важи и ако се промени трговскиот режим со ЕУ, иако сега се чини да и двете страни би сакале да го сочуваат единствениот пазар.

ПРЕС24: Некои информации велат дека излегувањето на Британија од Унијата може да предизвика сериозни проблеми во функционирањето на банкарскиот систем во Европа, сметководствените процеси и.тн?

ГЛИГОРОВ:  Сега за сега централните банки велат дека се спремни да интервенираат. Така што тој ризик не би требело да биде голем.

ПРЕС24:  Ако треба валутно да се измерат последиците од овој настан, тогаш кој ќе биде во загуба Еврото или Фунтата?

ГЛИГОРОВ:  Фунтата, ако станува збор за курсот помеѓу двете валути.

ПРЕС24: Теоретичарите на заговор велат дека Британското напуштање на ЕУ е резултат на американски интереси со цел ослабување и крахирање на Европската Унија?

ГЛИГОРОВ: Тоа не е разумно. Тоа имплицира дека САД сака да преземе поголема одговорност за безбедноста и стабилноста во Европа, што е последно што они сакаат.

ПРЕС24: Дали ЕУ последната деценија се движи во вистински правец или пак проблемот за ова што се случува е во самата нејзе?

ГЛИГОРОВ:  ЕУ веќе подолго време претставува алтернатива од која нема подобра. Со големите проекти на се поблиска унија е завршено од времето кога Франција и Холандија гласаа проти европскиот устав.

ПРЕС24: Ја следите ли политичката ситуација во Македонија? Гледате ли изгледи за нејзино стабилизирање и враќање во нормала?

 

ГЛИГОРОВ:  Да. Потребни се фер и слободни избори и промена на власта. Македонија има шанса да се стабилизира со демократски средства, што би било од историско значење.

 
 
28.06.2016 - 10:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа