Британската бринета повторно во акција: Исечете ми ја пицата на 8 парчиња, затоа што неможам да изедам 12 (ВИДЕО)

Британската бринета Џени Дејвис (22) повторно го „воодушеви“ светот со нејзиното непознавање и идиотизам.

Дејвис стана позната, откако нејзиното момче 24-годишниот пранкстер Бред Холмс почна да објавува видеа на кои таа со своите одговори и постапки покажува дека е несекојднево „глупава“.   

Овој пат Дејвис е соочена со многу едноставно прашање од страна на Холмс: Ако отидеме во ресторан и ако келнерот те праша дали пицата да ти ја исече на осум или 12 парчиња, што ќе му одговориш?

- Да ми ја исече пицата на осум парлиња, затоа што не би можела да изедам 12, гласи брзиот одговор на Џени.

Сите обиди да Холмс да и објасни дека количеството на пица е исто без разлика дали е поделена на осум или 12 парчиња остануваат безуспешни. Џени е упорна дека 12 парчиња ќе и се многу, затоа што не сака да се здебели.

Сепак, многумина сметаат дека Џени воопшто не е глупава како што се прикажува во видеата, туку дека станува збор за смислена тактика на Дејвис и Холмс за стекнување слава. 

 
 
27.06.2016 - 10:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега