Двојно убиство ги потресе граѓаните - две жени трагично настрадаа

Полицијата известува дека во Света Марија во близина на Прелог, 46 годишен маж со огнено оружје усмртил две жени.

 

Трагедијата се случила околу 10:55 часот во Света Марија на улица Владимир Назор. Мажот според првичните информации ги усмртил двете жени на возраст од 39 и 52 години.

 

Откако мажот пукал соседите го совладале и го задржале додека да дојде полицијата.

 

Наводно во близина имало 4 годишно дете кое за среќа не било повредено.

 

Нофицијално се дознава дека во позадината на оваа крвава престрелка стојат пореметени  љубовни односи.

 

39 годишната е убиена при излегување од автомобилот, додека 52 годишната пред својата куќа.

 

 

 

 

 
 
27.06.2016 - 10:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега