Спиела со пола репрезентација а сега сака да стане претседател на федерацијата: Знам јас како со фудбалерите

Србинката Наташа Шавија, која на јавноста и е позната по изјавата дека спиела со пола фудбалската репрезентација на Србија, сака да заработи на познанството со фудбалерите.

Таа тврди дека сака целосно да влезе во фудбалот, затоа што мисли дека знае како да ги мотивира фудбалерите, па е уверена дека добро би ја водела федерацијата.

„Вистина е, би сакала да станам претседател на ФСС. За сегашниот претседател,  Томислав Караџиќ имам добро мислење, но нека не се лути. Сепак јас знам како со фудбалерите“, изјавила Шавија за српските медиуми.

Старлетата тврди дека е сериозна во својата намера, па размислува кои би можеле да и бидат соработници во федерацијата.

Наташа не е прва со оваа идеја. Неодамна Даниеле Чавез, Чилеакнка која тврди дека спиела со Кристијано Роналдо, изјави дека сака да стане претседател на Фудбалската федерација на Чиле.

 
 
22.06.2016 - 13:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега