„Ја гледам вашата ќерка веќе половина час и морам нешто да ви кажам... “

 

Мајка на ќерка со даунов синдром споделила што се случило додека била со ќерката во еден бар, еве што се случило таму... 

- Седев во кафичот со својата ќерка. Две жени седеа до нас и почнаа да шепотат. Тоа е вообичаено за нас бидејќи мојата ќерка Софија е родена со Даунов синдром. Седев и и ги гледав тие две жени како се ѕверат за да го фрлат погледот подобро на мојата ќерка, потполно несвесни дека и јас ги гледам нив. Денеска тоа ми сметаше, многу ми сметаше. 

Но баш токаш ми пристапи еден пар и помислив: „Супер, уште луѓе кои сакаат да гледаат“.

Момчето ја поздравило Софија и се ракувало со неа, а Софија му возвратила со насмевка. Ме погледна со солзи во очите и рекол: Имам приказна која итно итно морам да ја споделам со вас. Но, се плашам дека нема да можем да не заплачам додека ќе ја раскажувам.

„Го замолив  да ја сподели со мене бидејќи ме интересираше“. 
МИ рече дека мината ноќ гледал  вести. На вестите имало интервју со мајка која неодамна родила дете со голем хендикеп. На вестите ја бранела својата одлука да го задржи детето. Ја бранела својата одлука и да не го абортира детето и покрај тоа што докторите  и го препорачувале тоа. Таа рекла: Поентата е дека никогаш не знаете какво влијание може да има личноста додека не им дадеме прилика“. Ме погледна пред да си замине и ми рече: „ Вие сте прекрасна личност, вашата ќерка е прекрасна. Ви честитам!. 

Веднаш почнав да плачам. Седев  пред кафичот и ги брисев солзите. Тој човек е првиот странец кој ми честиташе за мојата ќерка Софија. Беше птвиот странец кој ја препозна нејзината вредност и убавина. 

 

 

 

 
 
22.06.2016 - 10:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега